Илиев продолжува уште една година, кам-бек во Голден Арт прави Рајатоски

Голден Арт

Македонскиот клуб Голден Арт успеа да постигне согласност за нова едногодишна соработка со Ивица Илиев и Пеце Рајатоски.

Левиот бек ги оправда очекувањата на управата и беше прв стрелец во клубот минатата сезона. Со тоа си обезбеди нов договор со македонски суперлигаш. Рајатоски, пак, прави кам-бек во македонскиот ракомет од Германија. Ланската сезона ја започна во Голден Арт, а потоа направи интернационален трансфер, кој траеше кратко.

Никола Матлиески со овие два потписи го затвори ростерот со кој ќе атакува на висок пласман во елитата во новата сезона.

Голден Арт во новата сезона во Суперлигата ќе игра во групата Б, заедно со Тиквеш, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Скопје.