ВИДЕО: Иднината е светла – Стојковиќ со две мајстории покажа што знае!

Ракометарите на Алкалоид пружија голема битка во дуелот против шампионот Вардар, иако на крајот загубија со 28-25. Пресметката во СЦ „Јане Сандански“ донесе борба, пресврти и атракции, а два погодоци на младиот Марко Стојковиќ покажаа дека иднината е светла. 

Момчето кое има само 19 години веќе е член на сениорската репрезентација на Македонија, а против Вардар изведе две мајстории. Во една контра Стојковиќ излета сам пред голот на Мартин Томовски, па наместо да шутира ја искористи својата висина и само атрактивно го лобува репрезентативниот колега. Потоа, во текот на натпреварот даде уште еден интересен погодок, во пад и без гледање даде т.н. „шрауба“. 

  • Двете атракции на Стојковиќ со Вардар: 

Токму Стојковиќ беше најдобар стрелец во таборот на Алкалоид против шампионот, со шест постигнати погодоци.