Гвадалахара го официјализира трансферот на Петровски

Повремениот македонски репрезентативец Дарио Петровски од денес официјално е нов член на Гваладахара.

Gol.mk пишуваше за неговиот договор со шпанската екипа, кој денес беше потврден за јавноста.

Петровски има 23 години и ќе го има првиот интернационален предизвик. Неговиот нов тим испадна од најсилната АСОБАЛ лига во Шпанија и наредната сезона ќе ја одигра во понизок ранг.

Во минатата сезона бекот ја помина во редовите на Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер.