Десподовска и во наредната сезона ќе остане во полски Кобижице

Македонската ракометарка Зорица Десподовска го продолжи договорот со Гмини Кобижице и ќе настапува во полската Суперлига и во сезоната 2020/21. 

Левиот бек пристигна во клубот минатото лето по успешната сезона со Пиотрковиа, а популарната Зорка за официјалната веб страница на клубот призна дека е среќна. 

„Навистина ми е мило што ќе останам овде, се чувствувам одлично во средината. Мислам дека работевме многу напорно оваа сезона и верувам дека ќе се исплати во наредната. Тоа би ни дало сатисфакција мене, на фановите и на соиграчите“, призна Зорица. 

Сезонава пред прекинот Гмини Кобижице се наоѓаше на третата позиција од првенствената табела со 39 бодови, но беше далеку зад лидерите Лублин и Заглебие.