Десподовска со ДЕСЕТ гола се најде во потесен избор за МВП на колото

Македонската ракометарка Зорица Десподовска одигра неверојатен меч во првото коло и во победата на нејзиниот Гмини Кобижице над Руч (36-22) вгради десет погодоци. Кобижице лесно се справи со ривалот, а Десподовска одигра натпревар за паметење со двоцифрен број голови.

Очекувано, 28-годишната Македонка се најде во потесниот избор за играч на колото. Десподовска конкуренција за ваквото признание ќе има од Силвија Матисзик од Јарослав Еуробуд и Романа Росак од Пјотрковија. Матисзик, слично како и поранешната репрезентативка на Македонија, запиша десет голови на своето конто, додека Росак постигна шест погодоци. 

Изборот за најдобра ракометарка во првото коло на полската Суперлига за жени се одредува од фановите преку официјалната Фејсбук страница на лигата. Својот глас за Десподовска може да го дадете ОВДЕ.