• Иван Димовски

Ракометарките на Гмини Кобижице се радуваа на трет триумф во новата сезона на полската Суперлига, откако дома славеа со 32-25 над Старт Елблаг.
Најдобар поединец на оваа средба беше македонската ракометарка, Зорица Десподовска која постигна десет погодоци од 11 обиди и беше ударна игла на својот тим. Со одличната партија, поранешната репрезентативка втор пат се најде во потесен избор за играч на колото во првенството, покрај Дариа Опелт и Марселина Поланска.
Десподовска и претходно на стартот од сезоната се најде меѓу трите кои се бореа за МВП на колото, ама не ги доби гласовите, а слично како и вчера постигна десет голови.
- Фејсбук објавата каде што се бира МВП на колото:
Овој избор челниците на Суперлигата во Полска го оставаат на фановите, па со гласање на објава на Фејсбук, една од трите ракометарки ќе го добие признанието.