Десподовска блеска во Полска: Најдобар стрелец, со 71% ефикасност

Македонската ракометна интернационалка Зорица Десподовска игра импресивна сезона во Полска и редовно е меѓу најдобрите, а тоа ѝ донесе лидерско место на листата на стрелци.

Десподовска, која има 28 години и ги брани боите на Гмини Кобижице, има 54 постигнати гола и се наоѓа на првата позиција пред Адријана Горна од Заглебје. Бекот има и одлична ефикасност, од 71%.

Зорица Десподовска во моментов поради лични причини не игра за репрезентацијата на Македонија. Претходно, македонската ракометарка двапати го понесе и признанието за МВП на колото во полскиот ракометен шампионат.