Бутел се прошета во Неготино и првпат се израдува како гостин

Вардар Неготивно продолжи да реди порази и на домашен терен загуби од Бутел Скопје (20-27) во рамки од четвртото коло од Суперлигата. Оваа победа ја потврдува одличната форма на екипата која минатата сезона заврши на третото место во шампионатот, што може да радува пред дуелот со Алпла Хард во квалификациите на Европската лига вторник попладне. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Вардар Неготино и Бутел Скопје: 

Натпреварот беше одлучен од самиот почеток. Бутелци направија победничка серија, се одлепија и продолжија рутински до самиот крај. Со пет погодоци во првиот дел, домашната екипа си пресуди и немаше шанси за нешто повеќе против фаворизираниот противник (5-14).

Екипата на Вардар Неготино беше немоќна во продолжението. Третиот пораз на домашен терен одново беше изразен со висока негатива. Бутел требаше само да чека да измине времето и со малку напор и чување енергија да го одбрани резултатот.

Мирко Мајиќ со шест гола беше најефикасен кај победникот, а Ѓорѓи Орешков со седум погодоци беше прв стрелец на мечот.