Брауновиќ: Знаеме колкава е вредноста на „езерското дерби“, верувам во победа на Охрид

Вечерва со четири нови натпревари продолжува ракометната Суперлигата, а несомнено во фокусот на вниманието ќе биде „езерското дерби“, меѓу Охрид и Струга.

Гости ќе бидат „гладијаторите“ кои ја имаат фаворитската улога на овој дуел, а така смета и голманот Милош Брауновиќ. Црногорецот не бега од фактот дека неговата екипа има поголеми шанси за победа, но верува во голема борба и неизвеснот.

„Hè очекува многу интересен натпревар против екипата на РК Струга. Знаеме за каква екипа се работи и колкава е вредноста на „езерското дерби“. Ја прифаќаме улогата на фаворити и се трудиме да им укажеме на новите играчи кое е значењето на дербито. За победа сигурно ќе одлучува одбраната која ни е силна страна и нешто кое би го искористиле во наша корист. Дербито нема да биде вистинско дерби без верните „Рибари“ и „Паткари“. Ќе дадеме сè од себе и ќе играме за нашите „Рибари“ кои секогаш ни се како играч повеќе“, вели црногорскиот голман.

Првото овосезонско дерби е закажано за од 19:00 часот, а истото ќе можете во ЖИВО да го гледате на ОВОЈ линк.