Алушовски го доближува исландскиот ракомет до Србија

Македонскиот ракометен тренер Стевче Алушовски потпиша нов тригодишен договор со исландски Тор, а клубот објави дека следен чекор ќе биде заминување на тренинг-камп во Србија за млади играчи.

Алушовски заедно со тренери од младинските категории на Тор, како и двајца играчи, ќе замине во Србија на камп кој се одржува од 2010 година и ќе работи таму со останатите една седмица за сите да се усовршат.

Играчите на Тор кои ќе заминат во Србија се Видар Ернир Рајмарсон и Кристијан Пал Стејнсон. Тренинг-кампот ќе се одржи во месец јуни.