Дрес на Том Брејди на аукција: Може да се продаде за 600.000 долари!

Дресот на најдобриот рагби играч на сите времиња, Том Брејди од натпревар кој го одигра за Тампа Беј Баканирс е на аукција. Продажбата на дресот може да достигне неверојатни 600.000 долари, бидејќи полн со потписи. 

Дресот со кој Брејди одигра натпревар на трети јануари 2021 година на патот до титулата, против Атланта Фалконс доби огромна вредност. Покрај потписите, на него стои и натпис „ГОАТ“ во знак на неговите успеси. 

Аукцијата во моментов стои на 260.000 долари, а таа трае до деветти јануари. Се очекува сумата дополнително да се крене и да достигне огромна крајна вредност. 

Том Брејди се прослави со ѕвездените настапи во Њу Ингланд Пејтриотс, клуб со кој испиша историја. Оттаму премина во Тампа Беј Баканирс и успеа уште еднаш да ја освои титулата.