Брејди: Никогаш не отпишувам дека ќе се вратам на терените

Том

Само една недела по објавувањето на пензијата, Том Брејди кажа дека никогаш нема да отпише можност одново да се врати на терените во НФЛ лигата.

Седумкратниот шампион си замина од Тампа Беј Баканирс и одлучи да му се посвети на семејството. Со тоа стави крај на 22-годишната кариера, преку која стана „најголемиот на сите времиња“ во очите на американската јавност.

„Никогаш нема да кажам дека нема да се вратам на терените. Тоа може да се случи во иднина. Засега сум задоволен од донесената одлука. Ќе видиме како ќе се чувствувам по шест месеци. Сакав да играм. Со нетрпение очекувам да правам други работи надвор од теренот“, изјави легендарниот Брејди.

44-годишникот заминува во пензија како најдобар квотербек во историјата, кој освои пет МВП награди на Супербоул натпреварите и дополнителни три одличја во регуларниот дел од сезоната.