Кинеските пинг-понгари пак ги освоија сите олимписки злата!

Еден од спортовите каде лесно можеше да се претпостави каде ќе заминат златните медали е пинг-понг турнирот. Кинескиот тим со победа од 3-0 во машкото финале против Германија го комплетираше перфектниот турнир. 

Лонг Ма и Ксин Ксу со 3-0 славеа против Тимо Бол и Патрик Франциска за водство на Кинезите. Кога Жедонг Фан со 3-2 го победи Димитриј Овчаров, извесно беше дека златото ќе го одбранат златните од Рио Де Жанеиро. Лонг Ма го победи Тимо Бол со 3-1 и го потврди четвртиот златен медал во машка екипна конкуренција за кинеската селекција. 

Женскиот тим на Кина ја победи Јапонија исто така со 3-0 и со по четири злата и во машка и во женска конкуренција го повтори успехот од претходните Олимписки игри.

Кога се златните медали во прашање никој не ги освоил, освен Кина, откако пинг-понгот започна да се игра на Олимписки игри.