Рекорд во Бизнис лига: Лукоил цела сезона без пораз стана шампион на регуларниот дел

По 19 одиграни кола од Бизнис лигата на Македонија заврши регуларниот дел. Бевме сведоци на сезона која беше полна со неизвесност и борбата за влез во завршниот турнир се водеше буквално до последниот натрпевар. 

Екипата на Лукоил направи нешто што на ниту една друга екипа не ѝ успеало во Бизнис лигата сезоната ја заврши со 19 победи од 19 натпревари имаше 100% учинок, со што го заслужи приматот шампион во регуларниот дел.

На второто место се најде екипата на Матрикс која имаше 16 победи  два нерешени натпревари и еден пораз. На третото место е Џојсон Сејфти Системс со 12 победи 4 нерешени натпревари и 3 порази. И последна екипа која оди директно во Ф8 фазата е кипата на Рмастор со 12 победи 3 нерешени исходи и 4 порази.

  • По завршувањето на регуларниот дел Табелата изгледа вака:

Борбата за резигрување и влез во Ф8 започнува во понеделник. Во 18:30 часот ќе се сретнат екипите на Гранит и Шпаркасе Банака, во 19:30 Ван Хоол и ЕВН, во 20:30 часот ЕЛЕМ и Џонсон Мети и 21:30 часот Фабрика Карпош – ГИМ и С.Ц. Борис Трајковски.
Победниците од овие натпревари влегуваат во Ф8 фазата каде што им се приклучуваат на четирите најдобри екипи. Натпреварите од Ф8 фазата ќе бидат одиграни на 19 мај.

Индивидуалната статистика говори дека Кристијан Панев од Фабрика Карпош – ГИМ е најдобар стрелец со постигнати 59 гола, на второто место е Вецко Вренцовски од Џојсон Сејфти Системс со 58, трето место е Стојанче Ивановски од ЈП Водовод со 36, зад недго е Иван Стојчев од Лукоил со 34 а петто место е Тихо Фидановски од екипата на ЈСП со 29 погодоци.

Досегашното искуство говори дека на завршниот турнир ќе гледаме доста возбудлив и неизвесен фудбал во игра на нерви, а победникот ќе го одлучуваат нијанси.