Бризбејн го доби домаќинстовото за Олимписките игри 2032

Бризбејн ја доби довербата од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да биде домаќин на Олимписките игри во 2032 година.

По овогодишниот настан во Токио, следува преселба на најдобрите светски спортисти во Париз (2024) и потоа Лос Анџелес (2028). Првпат во историјата беа откриени имињата на тројца организатори, пред почетокот на тековните игри. 

Бризбејн ја загуби битката со Барселона во далечната 1992 година. Сега е потврдено дека ќе стане третиот австралиски град, по Сиднеј и Мелбурн, кој ќе ја има честа да го организира овој голем спортски настан.

Австралија, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе стане единствената држава која имала три градови домаќини на Олимписките игри.