Primary tabs

  • Топлото и сончево време во Варна им годи на одбојкарите

    Македонската одбојкарска експедиција составена од 12 одбојкари и стручниот штаб, која синоќа во 22.00 часот тргна за Бугарија на Ф4 турнирот во Европската Лига, претпладне стигна во Варна.

  • Австрија поради бомбашките напади во Истанбул, сè уште ја нема во Варна

    Противникот на македонската одбојкарска репрезентација во полуфиналето од Европската Лига, селекцијата на Австрија се соочи со неочекувани проблеми при транспортот во Варна. Терористичките напади на аеродромот во Истанбул го одложија нивниот пат на бугарското крајбрежје.

  • Љафтов: Исркено верувам дека ќе обезбедиме финале во Варна

    Македонската одбојкарска селекција го одработи последниот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“ пред заминувањето за Варна на Ф4 турнирот од Европската лига кое е предвидено за вечерва 22.00 часот. Третиот поентер во нашата селекција од групната фаза, Александар Љафтов кој има 52 поени, пред тргнувањето за Бугарија го истакна својот оптимизам и верба за пласман во големото финале в сабота.

  • Ацо Јоновски го посети одбојкарскиот камп на Бест Волеј

    Македонскиот ракометен репрезентативец и член на бундеслигашот Бергишер, Ацо Јоновски кој се наоѓа на одмор во својот дом во Струга, денес го посети одбојкарскиот камп на Бест Волеј, кој се оддржува во Охрид, а е во организација на актуелниот селектор на машката одбојкарска репрезентација Жарко Ристоски.

  • Одбојка

    „Спартанците“ спремни, Варна ги чека македонските одбојкарски херои

    Одбојкарите се спремни. Со денешниот попладневен тренинг нашата најдобра селекција си ја заврши „домашната задача“ и вечерва со автобус тргнува за Варна, каде што в петок и сабота по третпат ќе учествува на Ф4 на Европската лига. На последното собирање Жарко Ристоски и стручниот штаб подготвија тренинг за опуштање и со многу забава одбојкарите се испратени за Бугарија. Австрија, па Естонија или Бугарија се нашата викенд судбина, а нацијата очекува пак одбојкарите да нè направат горди како години наназад. Со шест од шест Македонија е доминатор во овосезонската Европска лига, па со право годинава очекување трофеј и две победи.

  • Ристоски: Убеден сум дека сега во Варна можеме до уште поголем успех!

    Оптимизмот во таборот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија во пресрет на завршницата ов Европската лига е на највисоко ниво. Како и капитенот Ѓорѓиев, така и селекторот Жарко Ристоски истакна дека верува во неговите избраници кои можат да направат уште поголем успех.

  • Македонија во Варна на Ф4 турнирот без Јовица Симовски и младиот Стојан Илиев

    Македонската одбојкарска репрезентација трета година по ред ќе настапи во самата завршница од Европската Лига. Годинава Ф4 турнирот ќе се одржи во Варна, а селекторот Жарко Ристоски го објави списокот на 12 одбојкари, со кои ќе се обиде да стигне до златото. На списокот го нема искусниот Јовица Симовски, чиј настап од претходно беше неизвесен, како и младиот Стојан Илиев.

  • Ѓорѓиев: Подобри сме од Австрија, заслужуваме злато во Европската лига

    Македонската одбојкарска селекција во пресрет на заминувањето за Варна на Ф4 турнирот од Европската Лига оддржа прес-конференција. Капитенот Никола Ѓорѓиев како и секогаш искажа огромна доза на оптимизам, притоа кратко анализирајќи го нашиот противник во полуфиналето, Австрија.

  • Жарко Ристоски и неговата академија Бест Волеј по петти пат организираа летен камп

    Актуелниот селектор на машката одбојкарска селекција Жарко Ристоски со својата академија Бест Волеј го организраше петтиот летен камп во низа, кој се оддржува во Охрид. Годинава кампот се реализира во хотел Пела, а е потпомогнат е од Арбо Травел.

  • Селекторот од Кипар се сели во Швајцарија: Ристоски го презема Шоненверд

    Актуелниот селектор на машката одбојкарска репрезентација, Жарко Ристоски под чие водство трета сезона по ред ќе играме на завршницата од Европската Лига, е пред преселба во Швајцарија.

  • Македонските одбојкари за финале во ЕЛ ќе играат против Австрија

    Македонската одбојкарска селекција во полуфиналето од завршниот Ф4 турнир од Европската лига во Варна, силите ќе ги одмери со селекцијата на Австрија, која по денешниот пораз од Естонија со резултат од 3-1 во сетови (25-14,25-22, 23-25, 34-32), заврши како второплсирана во групата Б.

  • Капитенот со големо срце - Му подари нови патики на Михаилов

    Никола Ѓорѓиев не само што е предводник на теренот во нашата одбојкарска репрезентација, туку својата улога на капитен ја покажува и надвор од терените. Имено по завршувањето на вчерашниот дуел со Бугарија, со кој беше означен крај на групната фаза во Европската лига, на својот соиграч, воедно и сограѓанин Васко Михаилов му подари нови патики.

  • Ристоски: Одигравме со душа и срце!

    Селекторот на одбојкарската селекција на Македонија, Жарко Ристоски продолжува да прави чуда и понатаму, откако и во третата сезона како настапуваме во Европската Лига, ќе играме на самата завршница, а годинава на уверлив начин, со сите можни победи.

  • Ѓорѓиев: Оваа екипа е злато вредна!

    Капитенот Никола Ѓорѓиев со 28 поени и вечерва беше најефикасен во составот на Македонија во победата над Бугарија, а по завршувањето на мечот не можеше да ги сокрие емоциите и задоволството од покажаното, како играта, така и резултатот.

  • Бугарите залудно се закануваа, Македонија со 100% победи патува во Варна

    Македонската одбојкарска селекција, групната фаза во Европската Лига ја заврши со максимален ефект од шест победи, во исто толкав број натпревари. Вечерва во „ВИП Арена“, како за крај повторно беше совладана Бугарија, сега со 3-1 во сетови (18-25, 25-21, 25-23, 27-25).

  • Данска со пирова победа над Албанија за крај

    Одбојкарите на Данска во рамките на А групата во Европската лига дојдоа до победа над Албанија во последното коло од 3-0 во сетови (25-17, 25-19, 25-19 ), победа која нема никакво значење во конечниот пласман.

  • Одбојка

    Против Данска најубедливо кога беше најпотребно!

    Одбојкарите на Македонија покажаа дека вчерашната игра против Албанија било само еден лош ден, откако денес Данска беше преслушана на убедлив начин со 3-0 во сетови. Токму против скандинавскиот состав вечерва го одигравме најдобриот натпревар во досегашните меѓусебни дуели. Целта е исполнета и Македонија пак е меѓу четирите најдобри екипи во Европската лига. Следниот објектив е титулата.

  • Одбојка

    Варна чекај нè - Македонија доаѓа конечно по златото во Европската лига

    Одбојкарската селекција на Македонија предводена од неверојатниот селектор Жарко Ристоски и капитенот Никола Ѓорѓиев со неговите колеги на теренот продолжува со одлични резултати. И во петтиот меч од Европската лига дојдовме до петта победа, за првпат против Данска со убедливи 3-0. Местото на Ф4 турнирот во Варна е загарантирано, а против домаќините на овој турнир утре не очекува битка за првото место и нормално полесен противник во полуфинале. Едно е јасно, Македонија во третиот настап во Европската лига, годинава на Црното море заминува со една мисла и желба, а тоа е златото на градите.

  • Македонија преку Данска до трета шанса за прво злато во Европската лига!

    Одбојкарите на Македонија се пласираа на завршниот турнир во Варна, откако славеа против репрезентацијата на Данска со 3-0 во сетови (25-19, 25-23, 25-23). Со оваа победа ги разрешивме сите дилеми околу пласманот на фајнал-фор во Варна, бидејќи ни беа потребни само два сета за пласман.

  • Бугарија доминантно ја победи уморната Албанија

    Бугарската одбојкарска репрезентација без никакви  проблеми ја совлад Албанија со 3-0 во сетови (25-19, 25-19, 25-19) и ја забележа втората победа на турнирот во Скопје во рамките од Европската лига.

Pages