Во три од петте првенствени сениорски одбојкарски конкуренции претстојниот викенд ќе има натпревари на водечките две екипи. Во третото коло од Втората фаза-1 во Првата лига (мажи), досега неприкосновената Струмица 47&72 ќе гостува кај Универзитет во Тетово, кој со пораз може да падне од второто на четвртото место на табелата. Шкендија е фаворит во локалната пресметка со Лирија, па се надева на деветта сезонска победа, а исто важи и за Вардар, кој со полна самодоверба ќе оди кај ГОК Борец откако претходно славеше на теренот на директните конкуренти Шкендија и Универзитет во Тетово. Велешани ја совладаа Лирија, па се на чекор до повторен влез меѓу четирите најдобри. Во Втората фаза-2, водечкиот Штип УГД ќе истрча во салата на Јанта волеј, надевајќи се на седми триумф, со што би има два повеќе од слободната Весна Пробиштип. На дното, Македонија Џио ќе го пречека тимот на Дибра волеј.