САД пресилни за Бугарија, сигурни и Иран, Италија и Полска

Одбојкарската репрезентација на Соединетите Американски Држави ја оправда фаворитската улога и славеше сигурно со 3-1 во сетови (25-12, 20-25, 26-24, 25-23) во натпреварот против селекцијата на Бугарија.

Бугарите по изненадувачкиот пораз од Австралија имаа реакција. Му одзедоа сет на фаворитот, а исто така го намачија и ја поминаа границата од 23 поени во третиот и четвртиот сет, ама на крајот останаа со празни раце.

Сигурна победа забележа Иран над Канада (25-21, 27-25, 25-18), со „чисти“ 3-0 славеше и Италија против Словенија (25-19, 25-16, 25-21), сличен резултат забележа и Полска во натпреварот против Австралија (25-17, 25-19, 25-14).