Младинците го започнаа Балканското првенство со победа над домаќинот

Косово

Македонските младинци го започнаа Балканското првенство со победа над домашната репрезентација на Косово.

Предвидувањата на селекторот Ванчо Санев се остварија. Македонија започна со триумф од 3-1 и најави атак на висок пласман на натпреварувањето во Приштина.

За младинците следува дуел со Бугарија, а потоа до крајот на првенството ќе се надигруваат уште со Албанија, Црна Гора и Турција.

У20 репрезентацијата се надева дека ќе се докаже во добро светло и дека ќе ги оправда високите очекувања од јавноста.