Фудбалерите на Наполи го победија Лестер (3-2), во директна пресметка за пласман во нокаут рундата на Лига Европа. На овој дуел клучна улога имаше Ељиф Елмас, кој со два погодоци успеа во огромна мера да влијае на резултатот.
Лучијано Спалети, тренерот на Наполи, е мета на критики заради непрофесионалниот потег што го направи на мечот во Москва, откако по последниот судиски свиреж одби да се ракува со својот колега од клупата на Спартак, Руи Виторија.
Предводникот на Наполи и Ељиф Елмас, Лучијано Спалети го најави натпреварот против својот поранешен тим. Дуелот со Рома ќе биде вистински тест за досега максималните „партенопеи“, кои имаат осум победи во исто толку средби на стартот на сезоната.
Екипата на Наполи продолжува да реди победи и ја запиша својата осма радост од исто толку кола во италијанскиот шампионат. На „Диего Армандо Марадона“ со минимални 1-0 беше совладан тимот на Торино, а творец на победата на наполитанците беше Виктор Осимен, на асистенција на нашиот Ељиф Елмас.
Сезонава се предвидува изедначена борба за врвот во италијанската Серија А. Наполи е единствениот тим со максимални четири победи на стартот на новата сезона. Сепак, новиот тренер Лучијано Спалети не го вбројува својот тим меѓу кандидатите за освојување на титулата.
Се сеќавате ли на ланското деби на Ељиф Елмас во дресот на Наполи? Ако тој настап беше импресивен и го одушеви Карло Анчелоти, што ќе каже Лучијано Спалети, кој дебитираше на клупата на Наполи токму со гол на македонскиот репрезентативец.
По (не)очекуваното заминување на Џенаро Гатузо и шокот во последното коло од последното издание на Серија А, Наполи „сврте нов лист“ и денес ја започна ерата Спалети. Искусниот стручњак од Тоскана, се спушти на југот на Италија, победувајќи ја конкуренцијата на Серџо Консеисао.