Ждрепката за новата кошаркарска сезона закажана за в четврток, календарот ќе претрпе промени

Кошаркарската федерација на Македонија ги извести клубовите дека в четврток, со почеток од 11:00 часот, ќе се изврши извлекувањето на натпреварувачките броеви на екипите учеснички во Првата лига мажи за сезоната 2021/22.

На истиот состанок, кој ќе се одржи во просториите на КФСМ, ќе се утврди и конечниот календарот за натпреварување, односно првичниот кој беше испратен до сите екипи, ќе претрпи промени, поради фактот што Македонија има свои претставници во лигите кои се во организација на ФИБА, АБА и БИБЛ лигата. 

Состанокот ќе биде со следниот дневен ред:
1. Извлекување на натпреварувачки броеви за сезона 2021/22
2. Утврдување на календарот за натпреварување за сезона 2021/22
3. Разно

Во БИБЛ лигата ќе учествуваат ТФТ, Куманово и ФМП Академија, во АБА2 лигата ќе се натпреваруваат Пелистер и МЗТ Скопје, додека ТФТ и Куманово ќе бидат дел и од ФИБА Еврокупот.