Виртус Болоња спрема висок буџет за респектабилен евролигашки проект

Екипата на Виртус Болоња ја освои титулата во Еврокупот, со што си обезбеди место во Евролигата за следната сезона. 

Поради тоа, италијанската екипа ќе мора да се засили. Според најавите, Виртус подготвува респектабилен тим и стабилен проект. Се очекува клубот од Болоња да има буџет од 25 милиони евра. 

Виртус сака да направи тим со кој ќе се одржи во Евролигата, а тоа значи дека пред оваа екипа е бурно лето во кое може да дојде до многу трансфери. По 14 години Виртус Болоња пак ќе заигра во европската елита.