Трајчевска: Босанските кошаркари секогаш наоѓаа начин да се одлепат

На неделниот натпревар во СРЦ „Кале“, Нена Трајчевска потврди дека кој и да е на селекторската позиција, секогаш може да смета на максимумот на нејзините можности. Го потврди тоа нашата искусна кошаркарка, особено во првото полувреме во кое имаше одлични минути. Особено тоа се однесува во уводната четвртина во која не дозволи силниот противник, предводен од феноменалната Џонкуел Џонс да се одвои на уште поголема резултатска дистанца.

На крајот, за нешто повеќе од 35 минути на паркетот, реализираше 15 поени, имаше и пет скока, една асистенција и една загубена топка.

„БиХ е добар тим, и навистина тешко беше да се фати ритам во мечот. Кога доаѓавме поблиску до нив резултатски, противникот наоѓаше начин пак да се одлепи и така си ја заврши работата.

Очигледно е дека го загубивме натпреварот од одличен тим. Имаа и одличен шут, а и го имаат најдобриот играч. Како и да се обидувавмее да ја „затвориме“ таа имаше одговор за нас“, рече Трајчевска.

БиХ го реши во своја корист дуелот во Скопје со сигурни 64-80.