Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа во драмата против Работнички со 91-87, во рамките на 14. коло од главната фаза на Првата македонска кошаркарска лига. „Вечното дерби“ број 160 во Аеродром се одигра во одлична атмосфера, кошаркарите водени од двете навивачки групи на трибините, „Фемили Аеродром“ и „Сити Парк Бојс“. Во крајната драма, аеродромци успеаја да го издржат налетот на ривалот и славеа победа.