ТФТ ја доби битката со Работнички и МЗТ и го договори Маслинко

По едногодишната пауза поради незгодната повреда, македонскиот репрезентативец Андреј Маслинко им се враќа на кошаркарските терени и и веќе го објави новиот клуб.

Иако за неговите услови беа заинтересирани Работнички и МЗТ Скопје, 24-годишниот крилен играч ги одби нашите најдобри кошаркарски екипи и се реши за изненадувачки трансфер и преселба во ТФТ Скопје.

Амбициозниот тим од Тафталиџе во новата сезона ќе се натпреварува на три фронта. Покрај домашниот шампионат, веќе пријави учество во ФИБА Европкупот и БИБЛ лигата.

Маслинко е четврто засилување за ТФТ ова лето. Претходно тимот се засили со Американците, Морнинг и Џон и Македонецот Виктор Ташовски.