Србија е кошаркарска нација, има три МВП ѕвезди во трите најсилни светски натпреварувања

Србија

Наградата за најкорисен кошаркар (МВП) која ја доби Никола Јокиќ е уште една потврда дека Србија е кошаркарска нација.

Српскиот центар е најдобар меѓу конкурентите во НБА лигата. Со тоа го оствари најголемиот успех во кариерата, а им се приклучи на неколку соиграчи од репрезентацијата, кои ја одбележаа изминатата сезона во најсилните кошаркарски натпреварувања во светот.

Василије Мициќ од Анадолу Ефес беше најкорисен во Евролигата, а Милош Теодосиќ го доби признанието во Еврокупот.

Јокиќ стана само шестиот странец во историјата што ја освоил МВП наградата во НБА-лигата, а пред него тоа го сторија Хаким Олајџувон (1994), Дирк Новицки (2007), Тим Данкан (двапати), Стив Неш (двапати) и Јанис Антетокумбо (двапати).