Слукас се враќа во татковината, по пет години пак во „црвено-бело“?

Грчкиот плејмејкер Костас Слукас може да си замине од Турција и кариерата да ја продолжи во татовината. Интерес за 30-годишниот кошаркар има од Олимпијакос. Грчкиот тим ќе се обиде да ја искористи лошата финансиска ситуација во Фенербахче и да го врати Слукас во своите редови по петгодишна пауза.

Дополнително се споменува и добриот однос на Слукас со тренерот Бацоркас. Слукас оваа сезона во просек забележа 11 поени и 6 асистенции по меч во Евролигата. Во кариерата Слукас покрај за Фенербахче и Олимпијакос играше уште и за Арис.

Трикратниот европски првак, со грчката репрезентација има видливи успеси во младинските категории, но не и во сениорска конкуренција. Кошаркарот од Солун е еден од омилените кошаркари на Жељко Обрадовиќ во Фенербахче, но веројатно соработката дојде пред крајот и разделбата е неминовна.