Скапо пиротехничко шоу: Олимпијакос казнет со 53.000 евра

Екипата на Олимпијакос си обезбеди место на завршниот турнир во Евролигата, откако го елиминира Монако во четвртфиналето. Грчкиот тим го чекира своето место во Белград, а тоа предизвика одушевување на навивачите во Пиреја. 

Со пиротехничко шоу и преплавен терен се прослави пласманот на „фајнал-фор“ турнирот во најсилното европско натпреварување. Сепак, овие случувања на трибините и теренот, не минаа незабележано од страна на челниците на Евролигата. 

Олимпијакос ќе мора да плати казна од 53.000 евра, поради однесувањето на навивачите. Иако пиротехничкото шоу беше вистински спектакл кој го одушеви и Кевин Дурант, сепак клубот ќе мора да плати висока санкција. 

<<< - ПОВРЗАНО - Дурант шокиран од атмосферата на Пирејa: За ова во САД се оди во затвор (ВИДЕО)