ВИДЕО: Шоу на Дурант и Харден во Торонто, Рубио со тројки го наполни кошот на Њујорк

Кошаркарите на Бруклин Нетс запишаа голема победа над Торонто Репрорс на гости со резултат 103-116, а за победничкиот тим Кевин Дурент и Џејмс Харден постигнаа половина од поените. Бруклин го забележа петтиот последователен триумф во новата сезона на НБА лигата и со учинок од 7/3 е трет во Источната конференција, додека Репторси се осми со скор 6/5.

Домашниот тим беше нешто подобар во првото полувреме и на пауза замина со седум поени предност (60-53), но клучен беше третиот период. Нетси, предводени од одличен тандем, со серија од 22-7 направија пресврт и за првпат дојдоа до двоцифрена предност - 77-67. 

Избраниците на Стив Неш без поголеми потешкотии ја задржаа предноста и славеа заслужена победа, во која Дурент постигна 31 поен, со седум скока и исто толку асистенции, Харден додаде 28 поени, 10 скока и осум асистенции, а „дабл-дабл“ учинок имаше Блејк Грифин со 14 поени, 11 скока и три асистенции. Фред Ванвлит го предводеше Торонто со 21 поен и 8 асистенции, О Џи Ануноби постигна 16, а Паскал Сијакам 15 поени.

Фантастична ноќ во НБА лигата имаше и шпанскиот ас Рики Рубио, кој беше немилосрден против Њујорк Никс. Кливленд Кавалирс славеше со убедливи 109-129, а плејмејкерот од Шпанија реализира осум тројки од девет обиди и со 37 поени беше прв на листата на стрелците. 

Шампионот Милвоки Бакс го забележа дури четвртиот пораз на последните пет натпревар во кошаркарската елита во Соединетите Американски Држави, откако на гости со 94-101 беше совладан од разиграниот Вашингтон Визардс.

На останатите натпревари Орландо беше поуспешен од Јута Џез, Сакраменто пред своите навивачи загуби од Индијана, додека Голден Стејт со убедлива игра и 120 поени го победи Хјустон.