Сега и официјално: Јокиќ на убедлив начин до второ МВП признание во НБА

Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, е најкорисниот играч во НБА за сезоната 2021/22, официјално потврди лигата. Ноќта меѓу средата и четвртокот беа објавени резултатите од гласањето кои покажуваат дека Камерунецот Џоел Ембид не бил толку блиску до српскиот центар, oдносно дека гласањето не беше толку неизвесно како што се пишуваше. 

На маршот до неговиот втор голем трофе, Србнотј доби 875 поени во гласањето, а неговиот прв придружник Ембид 706. Трет беше Јанис Антетокумбо со 595. По нив следуваа Девин Букер, Лука Дончиќ, Џејсон Тејтум, Џа Морент, Стивен Кари, Крис Пол, Демар Дерозан, Леброн Џејмс и Кевин Дурент. Јокиќ освои и најмногу први места – 65, односно 39 повеќе од Ембид. Гласовите за оваа награда ги даваа над сто новинари кои работат во Соединетите Американски Држави и Канада.

Најдобриот играч на Денвер Нагетс и оваа сезона имаше фантастични настапи на американскиот паркет и го предводеше својот тим до скор од 48-34 и шестото место во Западната конференција. 27-годишниот центар сезоната ја заврши со просек од 27,1 поен (58,3% од игра, 33,7% за три поени), 13,8 скока и 7,9 асистенции.

Во овој век, две МВП награди во низа освоија уште Јенис Антетокумбо, Стеф Кари, Леброн Џејмс (двапати по ред), Стив Неш и Тим Данкан. Во првото коло од плеј-офот, Јокиќ и Нагетси беа сопрени од Голден Стејт со 4-1.