Рик Питино изненадувачки се раздели со ПАО и се врати во колеџ кошарката

Паузата во грчката кошарка ја искористи тренерот на Панатинаикос, Рик Питино, кој изненадувачки ги напушти „детелинките“ за да се врати во НЦАА лигата. 67-годишниот стручњак пак ќе работи во колеџ кошарката.

„Се враќам таму каде што започна сè. Возбуден сум, се селам во Њу Рошел и ќе се обидам да го продолжам патот на Тим Клус“, истакна Питино.

Панатинаикос е шести во Евролигата и многу веројатно ќе игра во разигрувањето. Исто така американскиот стручњак е селектор на Грција и неизвесно е дали ќе го раскине договорот или ќе продолжи да ги извршува двете функција.