Реал Мадрид во финишот го „скрши“ Баерн, Макаби ја „растури“ Басконија

Кошаркарите на Реал Мадрид им се вратија на успесите во Евролигата, откако по поразот од Уникс Казан, вечерва со многу мака го скршија отпорот на Баерн и во самиот финиш се изборија за значајна победа од 76-80.

  • Баерн Минхен - Реал Мадрид 76-80:

Натпреварот во Германија донесе возбудливи четириесет минути во кои двете екипи имаа свои моменти и шанси да запишат триумф, но кога беше најпотребно „кралевите“ презедоа сè во свои раце и стигнаа до посакуваниот успех.

Јабусел со 21 поен беше најпрецизен во таборот на Реал Мадрид, а одличен меч имаше и Љуљ со 10 поени, додека во поразениот тим Рубит имаше 20, а Хилард 16 поени.

По фантастичната победа над Барселона, кошаркарите на Макаби Тел Авив одново ја потврдија одличната форма и вечерва забележаа нова голема победа во Евролигата, и тоа повторно над шпански клуб.

  • Басконија - Макаби Тел Авив 69-87:

Басконија на свој терен падна со 69-87, во натпревар во кој Вилијамс имаше своја вечер и со 21 поен беше најзаслужен за победата на гостите. Кај поразениот тим се издвои Болдвин со 15 поени.