Радуловиќ: МЗТ Скопје има европски тим, со играчи кои практикуваат американска кошарка

МЗТ Скопје на шампионски начин ја отвори кошаркарска сезона, откако славеше сигурна победа во Суперкупот против „вечниот“ ривал Работнички. Но, сега пред аеродромци е првиот вистински предизвик во Првата лига, затоа што на отворањето на шампионатот гостуваат кај амбициозниот Пелистер.

Дарко Радуловиќ, предводникот на МЗТ Скопје вели дека е на чело на европски тим, составен од играчи кои практикуваат американска кошарка.

„Се измачивме со повреди во претсезоната и тоа ни е најголем проблем засега со недоволна воиграност и физичка подготвеност. Имаме повредени играчи од настапите за репрезентацијата, подоцна се повредија и играчи на подготовките па во моментот далеку сме од оптимална форма и ќе биде потребно време да се синхронизираме.

За селекцијата на тимот немам сомнеж дека е квалитетна. Селектиравме екипа со висок човечки и кошаркарски квалитет, имаме баш „европски“ тим, немаме тип на играчи кои практикуваат американска кошарка. Се надевам дека како што одминува сезона ќе фатиме ритам и ќе пружиме онаква кошарка каква што се очекува од нас. Во однос на домашното првенство, ние сме МЗТ и јасно е дека влегуваме со најголеми абиции со цел да ги одбраниме трофеите. И оваа сезона ќе имаме конкурентно домашно првенство со неколку екипи кои ќе се борат за титула и ќе биде тешко да се игра против секого. Нема апсолутни фаворити ниту оваа година“, вели Радуловиќ.

Првиот дуел меѓу главните претенденти за највисок пласман во лигата е закажан за денес, со почеток од 18:30 часот.