Првиот пик во НБА со лош старт, со 1/21 шут за три и 17% од игра

Првиот пик на НБА-драфтот оваа сезона, Кејд Канингем, не ја започна кариерата во најсилната светска лига според планот и има лош старт.

20-годишниот играч на Детроит Пистонс дебитира со два постигнати поени, во вториот натпревар исто така беше едноцифрен, за потоа во третиот да има двоцифрен учинок и „дабл-дабл“. Но, она кое загрижува е неговиот процент на шутот. Во првите три натпревари Канингем шутира со 1/21 за три поени што е поразително, а исто така вкупниот шут од игра му е скромни 17,9%.

Досега, неговиот просек е 8,7 поени, 6,3 скока и три асистенции по натпревар.