Прва тренерска смена во мак-кошарката, се разделија Михајловски и Кожув

По неполни три месеци од почетокот на сезоната и осум одиграни кола, дојде до првата тренерска смена во мак-кошарката. Гевгелиски Кожув вечерва ја прекина соработката со тренерот Игор Михајловски.

Кумановчанецот си замина од Гевгелија по само три победи и пет порази во домашниот шампионат. Кобен за Михајловски беше поразот во понеделникот во Битола од вицешампионот Пелистер со 96-84. Во текот на денот дојде до спогобен раскин на договорот, кој имаше важност до крајот на оваа сезона. Михајловски претходно го водеше Кожув и во сезоната 2016/17. 

Апостоли Апостолов и Илија Ефтимов, кои беа помошници на Михајловски, ќе го водат тимот на натпреварот против шампионот МЗТ Скопје во рамките на деветтото коло, предвиден за 12 декември.