Поранешен член на „дрим-тимот“ ќе игра во Порторико

Фарид

Поранешниот американски репрезентативец Кенет Фарид одлучи да потпише со екипата на Леонес де Понсе.

Се работи за тим кој доаѓа од Порторико, што е чекор назад во кариерата на екс НБА ѕвездата на Денвер, Бруклин и Шарлот.

31-годишникот беше дел од американскиот тим кој го освои златниот медал на Светското првенство пред седум години.

Последен клуб на Фарид во НБА лигата е Хјустон, каде се задржа само 25 натпревари.