Пелистер доведе американско супер-засилување од Тревизо

Кошаркарскиoт клуб Пелистер претстави ново засилување во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Се работи за Тајлер Чиз кој доаѓа од италијанското првенство. Таму ги бранеше боите на Тревизо, клуб со кој го раскина договорот и доби 10.000 долари обештетување. Амариканецот е левичар, висок е 196 сантиметри и зад себе има акумулирано искуство во Соединетите Американски Држави и Италија.

24-годишниот Американец се обврза на двегодишна соработка со пелистерци. Висок е 196 сантиметри и може да се снајде и на плејмејкерската позиција. Причините поради кои не се снајде во Италија наводно се поврзани со неговото семејство.

Чиз е прво странско засилување на битолчани, откако Чез Вилијамс минатата недела потпиша за Кожув. Битолчани минатиот месец потпишаа со плејмејкерот Марјан Младеновиќ, а својот договор го продолжи и Бобан Стајиќ.