Кокошков не е повеќе селектор на Србија, се чека на одговор на Пешиќ

Кошаркарската селекција на Србија ќе добие нов предводник, откако федерацијата и Игор Кокошков спогодбено го раскинаа договорот за соработка.

Кокошков на чело на репрезентацијата седна во 2019 година, откако Александар Ѓорѓевиќ поднесе оставка по Светското првенство. Искусниот тренер обезбеди учеството на Србија на Европското првенство во 2022 година, но доживеа голем неуспех во квалификациите за Олимписките игри.

„Кошаркарската федерација на Србија на Игор му посакува многу среќа и успех во продолжението на тренерската кариера. Исто така му се заблагодарува за неговата работа и професионалност.

Федерацијата во следниот период ќе биде ангажирана во изборот на негов наследник, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението на федерацијата.

Сега нема никакви пречки но селектор на Србија да биде легендарниот Светислав Пешиќ, кој е голема желба на челните лица на федерацијата. Легендарниот стратег во минатата ја водеше југословенската репрезентација, со која стана европски и светски шампион во 2001 и 2002 година.