ВИДЕО: Њујорк се врати од -21 и го шокира Милвоки, Голден Стејт продолжи победнички

Њујорк

Њујорк Никс направи голем пресврт и славеше на теренот на шампионот Милвоки Бакс (98-113). Се чинеше дека фаворитот ќе запише нова рутинска победа, особено во периодот кога имаше +21, но на крај дозволи гостинот да се врати во игра и на крај убедливо да го прослави триумфот. Одлична вечер имаше Џулиус Рендл со 32 поени, а му помогна Дерик Роуз со 23 поени. Јанис Антетокумбо постигна 25 поени кај домашната екипа.

Добриот старт на сезоната продолжи за Голден Стејт Вориорс кој не му даде шанса на Њу Орлеанс Пеликанс (126-85). Избраниците на Стив Кер одново се страв и трепет за НБА лигата, а и натаму не сметаат на Клеј Томпсон, кој се очекува да се врати во вториот дел од сезоната. Џордан Пол со 26 поени беше прво име кај „воините“.

Џејмс Харден стигна до нов „трипл-дабл“ и го надмина Лери Бирд на вечната листа во победата на Бруклин Нетс кај Детроит Пистонс (90-96). Тимот на Стив Неш направи висока разлика, па можеше да се опушти во последната четвртина. Кевин Дурант запиша 29 поени и десет скока, а Харден се надоврза со 13 поени и по десет скока и асистенции.

Кливленд Кавалирс стави крај на победничката серија на Торонто Репторс (101-102), Портланд го одбрани домашниот терен од Индијана (110-106), Лос Анџелес Клиперс убедливо ја освои Минесота (84-104), Сан Антонио го надигра Орландо (89-102), а Вашингтон беше подобар од Мемфис (115-87).