НБА го прифати законот, невакцинираните кошаркари нема да добиваат плата

Ирвинг

Поголемиот дел од НБА ѕвездите прифатиле да се вакцинираат, за да бидат во можност да учествуваат во претстојната сезона.

Меѓутоа има и такви кои и натаму се против имунизација против коронавирусот. Најзвучно име меѓу нив е Кајри Ирвинг, кошаркарот на Бруклин Нетс.

Челниците на лигата потврдија дека прифатија закон, преку кој невакцинираните кошаркари нема да бидат во можност да добиваат приходи за секој неодигран натпревар. Договорот е постигнат меѓу НБА и Унијата на професионални кошаркари.

Во случај да остане на својот став, Ирвинг ќе губи по 381.000 долари по натпревар.