МЗТ отвора против ТФТ, Пелистер гостува на жешкиот терен во Гостивар

Одржана е првата седница пред почетокот на новата сезона во македонската кошаркарска Прва лига. Здружението на прволигаши го утврди системот и календарот на натпреварување за новата сезона 2022/23.

На седницата беше присутно раководството на Кошаркарската федерација, предводено од првиот човек Перо Антиќ заедно со генералниот секретар Владимир Георгиевски и спортскиот директор Марјан Србиновски. Седницата беше искористена за да се избере Стојмир Дејаноски од КК Гостивар за нов претседател на Здружението на прволигаши.

Одредени беа натпреварувачките броеви на прволигашите:

  1. Куманово
  2. Академија ФМП
  3. Гостивар
  4. Струмица
  5. ТФТ
  6. МЗТ Скопје
  7. Чаир 2030
  8. Кожув
  9. Пелистер
  10. Еуроникел 2005
  11. Работнички
  12. Феникс 2010

Парови за првото коло во македонската Прва лига (8 октомври):

  • Куманово 2009 – Чаир 2030
  • Академија ФМП – Кожув
  • Гостивар - Пелистер
  • Струмица – Еуро Никел 2005
  • ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром
  • Работнички – Феникс 2010

Титулата од ланската сезона ја брани екипата на МЗТ Скопје, која во финалната серија беше подобра од Пелистер, кој дебитираше во дуелите за шампионскиот трофеј.