МЗТ остана без важен играч за продолжението на сезоната!

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје остана без важен играч за продолжението на сезоната затоа што Бре Ајви си замина од таборот на „штрковите“.

Потресот доаѓа пред важниот меч во АБА-лигата против Борац. Американецот не беше во протоколот против Еуро Никел, а сега заминува во Полска каде ќе го носи дресот на Чарни Слупск.

Ајви играше во Македонија во изминатиот период, затоа што покрај во МЗТ Скопје, настапуваше и за Академија ФМП, тим во кој даде голем придонес во резултатите на домашната сцена.