МЗТ го „врза“ 15-годишниот талент Бојан Величковски

МЗТ Скопје продолжи да размислува на иднината на мак-баскетот и во своите редови со стипендиски договор го „врза“ младиот Бојан Величковски. 

15-годишниот кошаркар важи за еден од најперспективните во младинската школа на МЗТ, веќе тренираше летово со првиот состав и дебитираше на пријателски турнир во Лесковац за сениорите. Величковски исто така е и младински репрезентативец на Македонија

Бидејќи има 15 години, МЗТ со играчот потпиша стипендиски договор за наредните три. По неговото полнолетство, тој ќе може да парафира и професионален договор со „штрковите“. Во новата сезона Величковски ќе продолжи да игра во младинските тимови, но се очекува да добие шанса и со првиот тим во некои полесни пресметки.