Макаби потпиша тригодишен договор со Одед Брандвајн

Израелскиот кошаркар Одед Брандвајн потпиша тримесечен договор со Макаби Тел Авив. 33-годишниот кошаркар тренираше со Макаби во последните неколку недели.

Минатата сезона ја мина во редовите на Хапоел Холон, каде најчесто влегуваше од клупата и имаше просек од 5,4 поени и 1,6 асистенции по натпревар.

Макаби стартуваше со победа над Баерн Минхен во Евролигата, а неделава ќе се соочи со Црвена Звезда во Тел Авив, в четврток во 20:05 часот.

Брандвајн ќе биде пријавен за овој натпревар и веројатно ќе добие минути од тренерот Сфаиропулос.