Куманово на странски погон го сопре дебитантот Ангели

Екипата на Куманово на домашен терен славеше над Ангели (73-64) и според планот ја отвори новата сезона во Првата лига.

Дебитантот во елитата му парираше едно полувреме на далеку поискусниот противник, а разликата на мечот се направи во третиот квартал. Избраниците на Игор Ѓорѓиевски влегоа во серија и откако на паузата беше 36-34, успеаја да заминат на предност од 56-48 и потоа беше далеку полесно да се игра.

Кумановчани до победата дојдоа на странски погон. Прв стрелец беше Џонатан Холмс со 16 поени, а го следеше Жозеф Кајлеб со 14 реализации. Трето име беше Ѓорѓе Каплановиќ со 13 поени. Кај Ангели, Сумбри заврши со 18 поени, пред Мандерсон со 13 поени.

  • Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Ангели:

Претходно, ТФТ на гостински терен беше подобар од Кожув (77-88).