Куманово донесе нов Американец од бугарски Берое

Екипата на Куманово продолжи да се засилува по ангажманот на старо-новиот тренер Владимир Мирковски и потпиша договор со бек од САД.

Се работи за Декуан Абром, Американец кој е роден во 1996 година. Кошаркарот висок 188 сантиметри последен пат играше во Бугарија каде го носеше дресот на Берое.

Има искуство и во Германија, во екипата на Ердгас Ехинген која игра во второлигашкиот ранг, додека во САД играл во НЦАА-лигата, во тимовите на Белмонт Абеј каде се задржал неколку години и во Урбана.

Абром најдобро се покажа во Берое во БИБЛ-лигата, каде на пет натпревари во просек мина по 23,6 минути на паркетот за кои забележа 11,8 поени по меч.