Куманово доби лекција во Кавадарци, рутински бодови за Еуро Никел

Еуро Никел го доби дуелот од долниот дел на табелата против Куманово (87-69) во рамки од осмото коло од Првата лига на Македонија. Ниту тренерската смена и враќањето на Мирковски на клупата не ја помрдна негативната инерција во играта на кумановчани. Со само една победа од осум натпревари за бодови, ова е најслаб старт во последните неколку години за традиционалниот прволигаш. 

Домашните кошаркари доминираа во секој аспект од играта и заслужено добија нови бодови на своето конто. Прашањето на победникот беше одлучено уште во првото полувреме. Кавадарчани со добра игра во одбрана и ефикасен напад стигнаа до убедливи 50-33 и позадоволни заминаа на пауза.

Гостите му направија услуга на противникот со бледото издание во третиот квартал. Офанзивата на Куманово потфрли и со тоа беа решени сите дилеми на оваа средба. Очекувано последната четвртина беше лесен тренинг за домашниот тим, кој веќе ја имаше обезбедено победата.

  • Комплетниот натпревар меѓу Еуро Никел и Куманово: 

Џекиќ постигна 21, Соколов заврши со 15, а Томиќ помогна со 14 поени. Зивчевиќ со 22 поени беше прво име кај гостинската екипа.