Кошаркарските надежи се собраа под палката на Симиќ, се чека на „странците“

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години означи старт на подготовките за следните предизвици, а селекторот Тони Симиќ на располагање нема да има од стартот неколку важни имиња кои играат за странски клубови.

Утринава, на првиот тренинг во СРЦ „Кале“ се појавија Лука Савиќевиќ (КК МЗТ Скопје Аеродром), Андреј Андоновски (КК МЗТ Скопје Уни Банка), Дарио Митевски (КК МЗТ Уни Банка), Виктор Исајловски (КК МЗТ Уни Банка), Марко Величковски (КК МЗТ Уни Банка), Богдан Мирковски (Мантова-Италија), Давид Наумовски (КК Водно санс Партизан), Јован Цветков (КК Водно санс Партизан), Тодор Златев (КК Еуро Никел 2005), Љубиша Димитровски (КК Навико Академија ФМП), Никола Груевски (КК Навико Академија ФМП), Филип Ѓорѓиев (КК Навико Академија ФМП), Данаил Иванов (КК Вардар), Кристијан Столевски (КК Гостивар) и Бранко Шуменковски (САД). Селекторот Симиќ ќе мора да ги почека Јакимовски, Миловановиќ, Данаиловски,  Зекири... 

Марко Миловановиќ е одново со позитивен тест од Ковид-19. Андреј Јакимовски има проблеми со препоните и сака да ги реши што е можно поскоро. Повреден е и Бранко Шуменковски, кој во изминатиот период беше во САД. Во договор со раководството на федерацијата, во овој дел е ослободен Лејсон Зекири, кој е на проба во Турција, додека пак на 26 јуни треба да се приклучи и Павел Данаиловски, кој се уште има клупски обврски со неговиот клуб во Шпанија

Согласно со планираните активности, оваа селекција ќе работи во Скопје до 17 јуни, за кога е предвидено да почне втората фаза од подготовките, оние висинските, по што следуваат и првиот контролни средби.