Конечно одлука и во Грција, откажано првенството по 20 кола

Грција

Секој изминат ден носи ново откажување на едно големо спортско натпреварување.

Коронавирусот сега ја стопира грчката кошаркарска лига, со оглед на тоа што нема услови за игра во оваа кризна ситуација.

По пример на многу други држави, нашиот јужен сосед одлучи да направи пауза и да спречи кошаркарски натпревари. Оваа одлука е донесена на состанок меѓу Асоцијацијата на клубови и Синдикатот на професионални играчи, кој беше направен преку видео-конференција.

Првично, планот беше сезоната да продолжи на 31 март, но проблемите од пандемијата се зголемија и му застанаа на патот на организаторите. Уште не е донесена конечна одлука дали ќе биде избран шампион и дали екипи ќе испаднат во понизок ранг. На врвот на табелата по 20 кола е Панатинаикос, а ПАОК и Арис ги држат местата за испаѓање.

Официјална потврда треба да биде соопштена и околу намалувањето на платата на играчите. Најверојатно нивните примања ќе се намалат на 70%, со цел да се спречи економска криза во наредниот период.