Кој ќе биде МВП на Евролигата:? Тринкиери нема никакви дилеми

Тренерот на Баерн Минхен, Андреа Тринкиери има јасен став за тоа кој треба да биде најкорисен играч (МВП) на Евролигата за сезоната 2021/22. Според него, престижната награда треба да ја добие кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс.

„Нема сомнеж дека Џејмс е МВП на Евролигата за оваа сезона“, изјави Андреа Тринкиери.

Во регуларната сезона на Евролигата, Џејмс имаше просек од 16,3 поени, 3,2 скока, 5,7 асистенции и 1,2 украдени топки за 31 минута по натпревар.

Плејмејкерот на Анадолу Ефес и на српската репрезентација Василије Мичиќ ја доби наградата „Алфонсо Форд“, која секоја година се доделува на најдобриот стрелец во Евролигата. Затоа треба да се земе предвид дека и тој би можел да ја освои оваа награда втора година по ред.

Завршниот турнир на Евролигата ќе се игра во Белград од 19 до 21 мај, а потоа ќе се дознае кој е најдобриот игра, а кој најдобар тренер на најелитното европско клупско натпреварување за оваа сезона. Полуфиналните двојки се Реал Мадрид - Барселона и Анадолу Ефес - Олимпијакос.